Прва лигаФудбал

Андреј Ричков и Малик Кадир Хајвали нови играчи на ФК Шкупи!

Сподели
ФОТО: ФК Шкупи
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкупи продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на чаирчани е Малик Кадир,  дваесет годишен германски фудбалер.

Кадир игра како десно крило но може да делува и како централен офанзивец, што му дава дополнителна разновидност на напаѓачката линија на Шкупи. Се работи за млад и перспективен фудбалер кој доаѓа од германската фудбалска школа, а со својата брзина, техника и чувство за гол, се очекува да внесе нова енергија во тимот.

Другото ново име во тимот на Шкупи е Андреј Ричков, дваесет и шест годишен централен дефанзивец со искуство во Првата македонска фудбалска лига.

Ричков последно настапуваше за Воска Спорт, каде беше стандарден првотимец и важен дел од одбраната. Со својата физичка подготвеност, добар преглед на играта и борбеност, се очекува да донесе стабилност и сигурност во дефанзивниот дел на тимот на Шкупи.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!