ИнтернационалциФудбал

Љупче Дориев е избран во идеалниот тим на колото во Узбекистан!

Сподели
Сподели

Македонскиот фудбалски интернационалец Љупче Дориев се најде во идеалниот тим на 13. коло од шампионатот на Узбекистан, благодарение на одлучувачкиот гол што го постигна во 83. минута од натпреварот, со кој му ја донесе победата на Согдиана против Хоразм Ургенч.

Дориев сезонава има одлична форма, со вкупно седум постигнати голови се наоѓа на второто место на листата на најдобри стрелци во првенството. Дополнително, запиша и две асистенции, со што е еден од најзаслужните за успесите на својот тим.

Фудбалерот кој кариерата ја градел низ клубови како Академија Пандев, Шкендија , очигледно пронајде идеална средина за напредок и нови успеси токму во Узбекистан.

Со секој изминат натпревар, Дориев ја оправдува довербата на тренерот и сè повеќе се истакнува како еден од најдобрите странски фудбалери во Узбекистанската Суперлига. Неговата форма не поминува незабележано ниту кај љубителите на фудбалот во Македонија, каде често се дискутира за негово евентуално враќање во националниот тим.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!