Втора лигаФудбал

Беласица договори седум пријателски натпревари, ќе има и еден меѓународен тест!

Сподели
ФОТО: ФК Беласица | АРХИВА
Сподели

Беласица предводена од искусниот стратег Александар Стојанов го утврди планот за подготовки за новата сезона, а се договорени и седум пријателски натпревари преку кои струмичани ќе ја проверуваат формата за новата сезона, во која Беласица ќе има високи амбиции, односно пласман во Прва лига.

Во рамки на овие седум пријателски натпревари, еден од нив е меѓународен. Првиот пријателски меч ќе биде одигран против Кожуф на 19 јули, четири дена подоцна на 23 јули следува меѓународен пријателски натпревар со екипата на Септември Симитли од Бугарија.

На 27 јули ќе биде одигран пријателски натпревар со Детонит Плачковица од Радовиш, а на 1 август ќе следува тестирање со новиот второлигаш Шкендија од Арачиново.

За 6 август е договорена пријателска со новиот третолигаш Победа од Валандово, на 10 август е пријателската со Каменица Саса, а „генералката“ е закажана за 16 август против Осогово од Кочани.

Новата сезона ќе започне на 23 август (сабота).

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Втората женска лига со осум екипи: Билјанини Извори гостува во Радовиш, дебитантски дуел на Башкими и Менада

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе започне на 27 септември 2026 година, а во сезоната 2026/27 ќе настапат вкупно осум...

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!