Прва лигаФудбал

Христијан Грозданоски останува во зеленото семејство на Пелистер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола продолжува со консолидирање на ростерот за сезоната 2025/26, а дел од планот е задржување на клучните фудбалери кои минатата сезона оставија значаен печат во прволигашката битка. Централниот дефанзивец Христијан Грозданоски го продолжи договорот со својот матичен клуб и ќе го носи зелено-белиот дрес и во новата натпреварувачка сезона.

Минатата сезона, Грозданоски одигра 27 натпревари, покажувајќи сигурност и континуитет на позицијата централен бек. Со неговата посветеност, дисциплина и борбен дух, останува еден од носителите на дефанзивната линија во тимот од Битола.

На 24 јуни, фудбалерите на Пелистер ќе се појават на првата прозивка за почетокот на подготовките и ќе му се стават на располагање на новоназначениот стратег, Димитар Капинковски. Битолскиот прволигаш веќе ја потврди соработката и со фудбалерите Јорданчо Наумоски, Филип Миленкоски, Јованчо Трајковски и Александар Ристевски – со што се зацврстува клучната оска на тимот пред стартот на новата сезона.

Со задржувањето на важните имиња во тимот, Пелистер ја најавува својата амбиција да биде сериозен конкурент и во шампионатот и во Купот на Македонија, со цел враќање на старите победнички навики.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!