Втора женска фудбалска лигаФудбал

Зорица Бојкова е ново засилување за ЖФК Билјанини Извори

Сподели
Сподели

Второлигашот Билјанини Извори продолжува со промоција на нови засилувања за новата сезона во Втората женска фудбалска лига. Ново име во охридскиот клуб е Зорица Бојкова, 18-годишна фудбалерка од Струмица.

Низ својата кариера Бојкова настапуваше за Тиверија Брера од каде и ја започна својата кариера, потоа беше дел радовишка Плачковица, од каде премина во редовите на прилепска Цевитана, а потоа одново се врати во Плачковица.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа, екипата на Билјанини Извори се засили со Мелани Крстовска која дојде од Плачковица, Јана Ацковска од Слободен и Ивана Николовска од Топ Гол.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две...

Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од пет последователни порази. Победите над Скопје и БВБ Коњаре во Купот,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стафа: Одиме максимално мотивирано за да извлечеме позитивен резултат

Башкими го остави зад себе лошиот старт на сезоната и серијата од...

Прва лигаФудбал

Ацковски: Кратово е незгодно гостување, но веруваме дека можеме до позитивен резултат

Со триумфот над Шкендија на гостински терен, екипата на Тиквеш покажа дека...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!