Турнири

15 гола за Топлина, Бел Мерцедес и Петровден во победнички ритам – спектакл продолжува во Мешеишта!

Сподели
Сподели

Турнирот „Петровден 2025“ во Мешеишта донесе уште една вечер исполнета со фудбалски возбудувања и нови пресврти во групната фаза. Вторникот донесе драма, голеади и висок триумф, а атмосферата на теренот и трибините останува беспрекорна – како што доликува на јубилејното 50-то издание.

Топлина буквално експлодираше на теренот со убедлива победа од 0:15 против Игор Бенд Бушиноски, постигнувајќи највисок резултат на турнирот досега. Бел Мерцедес ја доби битката со Виена Комерц со 6:2, освојувајќи значајни бодови во групата. Во дербито на вечерта, Петровден Мешеишта славеше во трилер завршница против Пекара Илинче со 4:3, на задоволство на домашната публика

Со овие резултати, турнирот добива сѐ поголема „тензија“, а секој следен натпревар може да биде клучен за пласман понатаму.

  • Распоред за среда, 25 јуни:

20:30 | Доел Ноче – Брумел
21:30 | Зурли и Тапани Вевчани – Аце Најдески
22:30 | Македонија – Гостилница Кај Мече

Три нови меча, три нови приказни. Фудбалската магија во Мешеишта продолжува и утре под рефлектори, со нови предизвици, голови и возбуда до самиот крај. Спортска Мрежа останува со вас и на лице место – со целосна медиумска покриеност на секоја минута од овој спортски спектакл!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!