Прва лигаФудбал

Првите летни засилувања за Арсими: Претставени Габриел Јапи Тенлеп и Мирнел Хуриќ

Сподели
Сподели

Прволигашот Арсими официјално ги претстави првите две летни засилувања за новата сезона, со што продолжува екипирањето откако претходно клубот ја продолжи соработката со десетина фудбалери од актуелниот ростер.

Габриел Јапи Тенлеп е ново име во редовите на тимот од Чегране. Станува збор за 23-годишен дефанзивен играч од средниот ред, кој доаѓа од редовите на Воска Спорт, каде оваа сезона се истакна со стабилни и тактички дисциплинирани настапи. Неговите игри не останаа незабележани и предизвикаа интерес кај повеќе клубови, но раководството на Арсими успеа да ја добие битката за потписот на камерунскиот интернационалец.

Покрај настапите во македонската лига, Тенлеп претходно играше и во елитното првенство на Гана, каде го носеше дресот на Бечем Јунајтед. Тоа искуство му овозможи да ги изгради своите фудбалски вештини на повисоко ниво и да покаже зрелост во играта.

Второто засилување е Мирнел Хуриќ, офанзивен играч кој настапува на крилната позиција. По неуспешниот трансфер во ФК Шкупи во зимскиот преоден рок, Хуриќ се врати во тимот на Јединство, каде блескаше со одлични настапи и повторно привлече внимание со својот потенцијал.

Од клубот се уверени дека овие засилувања ќе донесат дополнителен квалитет и стабилност, а со амбициозен пристап и засилена конкуренција, Арсими ќе влезе подготвен во својата прва сезона во македонската Прва лига.

Во следниот период ќе следуваат нови промоции во дресот на Арсими, а клубот главната фаза од подготовките ќе ја реализира во Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: „Лисиците“ пресилни за Аеродром, лидерот Еуромилк ГЛ се подготвува за Втора лига, три бода и за БВК Коњаре

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа откако во меч од 20. коло на Трета лига – Север со високи 3:0 славеше...

Кошарка

Денес се решава патникот во Првата лига: Гевгелија и Шар Планина во „мајсторка“ за Прва лига

Кошаркарската сезона во Аматерската лига влегува во својата кулминација, а денес во Гевгелија ќе падне одлуката кој ќе обезбеди пласман во Првата лига....

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево – пример како со љубов се гради вистинска спортска приказна

Фудбалскиот стадион „Езеро“ во Крушево претставува вистински пример како со посветеност, грижа...

Втора лигаФудбал

Новаци денес оди по три бодови против Големо Коњари

Денес ќе се комплетира 25. коло на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Вардар Неготино си пресуди сам: На „Цвај арената“ се враќа третолигашкиот фудбал!

Вардар Неготино практично ја загуби битката за опстанок во Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!