Прва лигаФудбал

ФК Пелистер ја продолжи соработката со дефанзивецот Александар Ристевски!

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

ФК Пелистер го потврди првиот потпис за новата сезона по назначувањето на новиот тренер. Станува збор за триесет и две годишниот дефанзивец Александар Ристевски, кој го продолжи договорот и ќе остане лидер во одбраната на тимот и во сезоната 2025/26.

Во пресрет на новата сезона и предизвиците што следуваат, ФК Пелистер започна со оформување на тимот. Покрај фудбалерите со важечки договори, продолжувањето на соработката го започнаа со столбот на одбраната Александар Ристевски.

И во новата натпреварувачка сезона, одбраната ќе ја предводи Александар Ристевски. Со неговото останување, тимот добива стабилност, искуство и сигурност во дефанзивната линија.

Ристевски има богато прволигашко искуство, играјќи за клубови како Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Брегалница, Струга Трим Љум, Работнички и Брера. Настапувал и во албанската Прва лига за екипата на Влазнија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!