Турнири

Фенербахче незапирлив, Дивино до нова победа – петочна вечер на „Благој Истатов 2025“ во знакот на ефикасноста

Сподели
Сподели

На теренот во Чифлик маало во Струмица, петочната вечер од Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2025“ донесе нова доза фудбалска магија, со три возбудливи натпревари кај сениорите и два дуели кај младинците. Публиката беше сведок на технички зрела игра, многу голови и тимови кои сè посериозно атакуваат на елиминациската фаза.

Еклектик запиша важна победа на турнирот, совладувајќи го Импулс Радио со 3:1, во натпревар од групата А. Добро организирана игра и сигурна реализација му донесоа три важни бода на тимот на Еклектик.

Во еден од највозбудливите мечеви досега, Дивино го победи тимот на MaxBet со резултат 4:3. Меч полн со динамика и голема борба, во кој Дивино одржа континуитетот.

Вечерта ја заокружи доминантниот настап на Фенербахче, кој го надигра Серта Конче со убедливи 0:5, потврдувајќи дека се во врвна форма.

  • МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ – младите не запираат со голови!

Јанг Бојс безмилосно го совлада тимот на Феникс со 0:9, демонстрирајќи неверојатна офанзивна игра и техничка зрелост за нивната возраст. Во вториот меч од младинските категории, Серта Конче го совлада Кобри со убедливи 1:9, во уште една доминантна партија која вети многу за следните рунди.

Турнирот продолжува и за време на викендот со нови пресметки, а борбата за пласман во елиминациите станува сè поинтензивна.

Сите резултати, табели, видео-содржини и слики – следете ги ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на „Благој Истатов 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!