Турнири

Во тек се пријавите за 28-то издание на „Петровденски турнир“ во Конче кој се игра под рефлектори!

Сподели
Сподели

Во општина Конче започнаа подготовките за едно од најпознатите спортски случувања во источниот дел на Македонија – „Петровденскиот турнир“ во мал фудбал, кој годинава ќе го доживее своето 28-то издание.

Традиционалниот турнир, кој се игра под рефлектори и привлекува бројни екипи од целата држава, ќе започне на 26 јуни, додека финалето е закажано за 12 јули, на денот кога се одбележува празникот Петровден. Пријавувањето на екипите е веќе во тек и ќе трае до 25 јуни.

Целокупната организација годинава ѝ е доверена на ФК Серта – Конче, клуб кој повторно го активираше фудбалскиот живот во општината, со поддршка од локалната самоуправа. Турнирот ќе се игра по систем 5+1 со футсал топки, што дополнително гарантира динамика, техника и возбудливи натпревари.

  • Наградниот фонд изнесува вкупно 310.000 денари:

Прво место: 180.000 денари

Второ место: 80.000 денари

Трето место: 40.000 денари

Четврто место: 10.000 денари

Покрај главните парични награди, ќе бидат доделени и признанија во форма на ваучери за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман на турнирот.

Во изминатите години, турнирот стекна реноме како еден од најквалитетните летни фудбалски собири во државата, благодарение на учеството на врвни играчи, меѓу кои и членови на футсал репрезентацијата на Македонија.

За сите заинтересирани, екипите може да се пријават и добијат повеќе информации кај следните лица за контакт:

Ване (Грне): 076 487 532

Марјан (Чуши): 075 496 023

Исмет: 070 705 282

Џулијан: 070 426 042

Оваа година, Спортска Мрежа за првпат ќе биде медиумски покровител на турнирот, со што ќе се обезбеди професионално медиумско покривање на целиот настан, извештаи, анализи и видео-содржини, а ќе имаме и специјална емисија посветена на самиот турнир.

Со ова, „Петровденскиот турнир“ не само што продолжува да ја негува спортската традиција започната во 1997 година, туку станува и важна алка во враќањето на спортскиот живот во руралните средини, како што е општина Конче.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Одбојкарски турнир во Радовиш по повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ – домаќинот до трофејот

По повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа одбојкарски турнир во кој учество земаа средното училиште домаќин и три...

ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!