Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

„Северна“ ќе биде минато – Кошаркарската федерација на Македонија го враќа старото име!

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Кошаркарската федерација го враќа старото име, зборот „северна“ оди во историјата. На сеницата на Управниот одбор, претседателот Томе Главчев побарал размислување од членовите на Управниот одбор за промена на името на федерацијата со што „северна“ да замина во историјата.

Ваквиот предлог наиде на позитивни размислување од страна на присутните членови кои едногласно се согласиле да се отпочне процедура за менување на името во Македонска кошаркарска федерација.

Колку за потсетување кошаркарската репрезентација беше првиот национален тим кој на своите дресови имаше „Северна Македонија“, но по шест години „северна“ ќе замина во историјата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!