Турнири

ФОТО: Пет натпревари, убедливи победи и многу погодоци на “Црнилиште Куп 2025”

Сподели
Сподели

Возбудувањата на турнирот „Црнилиште Куп 2025“ продолжуваат со полна пареа, а натпреварите одиграни синоќа донесоа многу голови, доминантни победи.

Роденденска Пињати беше немилосрдна екипа против Македонска Куќа, забележувајќи убедлива победа од 5-0, со што уште еднаш го покажа својот сериозен пристап кон турнирот.

Екипата на Пилана Жарко одигра два меча во еден ден и во двата меча блесна со одлична реализација.

Најпрвин со 3-0 го совлада Madrid Boy, а потоа, во уште поинтересен дуел, ја совлада и Виена Комерц со 4-2, испраќајќи јасна порака до ривалите.

Тимот на Zgjimi Kompani со сигурна игра ја совлада екипата на Теута со 4-2, зацврстувајќи го својот статус како сериозен претендент на турнирот.

Во последниот натпревар од денот, Беса Сливник приреди вистинска голеада против Lisiqan, триумфирајќи со убедливи 8-2, што е еден од најголемите резултати досега во натпреварувањето.

Ден исполнет со голови, страст и квалитетен фудбал, каде публиката имаше можност да ужива во секоја минута. Турнирот продолжува со уште повеќе емоции и интересни натпревари!

„Црнилиште Куп 2025“ – местото каде амбициозните тимови ја пишуваат својата фудбалска приказна, а Спортска Мрежа е медиумски покровител.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!