Втора лигаФудбал

Беласица го задржа Александар Коцев, целта е Прва лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Македонскиот второлигаш ФК Беласица од Струмица испрати силна порака за своите амбиции во сезоната 2025/26, задржувајќи го еден од своите највредни фудбалери – Александар Коцев. Овој потег е јасен сигнал дека клубот има високи цели, а примарна меѓу нив е враќањето во Првата македонска фудбалска лига.

Коцев, кој иако има само 23 години, веќе има одиграно над 100 натпревари во дресот на Беласица, каде се етаблира како еден од најдобрите играчи во Втората лига. Офанзивецот со исклучителна визија, техника и борбен дух, е симбол на континуитет и верност кон клубот, и токму такви играчи се клучни за реализација на целта на „сините“ – камбек во елитата.

Стартот на подготовките е закажан за 2 јули, кога под водство на тренерот Александар Стојанов ќе започне создавањето на тимот кој ќе се бори за висок пласман. Стојанов веќе најави создавање на урамнотежена екипа составена од млади и перспективни фудбалери, надополнети со неколку искусни имиња кои ќе внесат стабилност и зрелост.

Според информации на Спортска Мрежа, клубот веќе е во преговори со неколку квалитетни засилувања, а подготвителниот период ќе вклучи серија на пријателски натпревари со цел темпирање на формата за стартот на новата сезона.

Беласица изминатата сезона ја заврши на 8. позиција на табелата на ВМФЛ со 41 освоен бод, но со задржувањето на лидерот на теренот – Коцев, и со новите планови за зацврстување на ростерот, тимот од Струмица јасно покажува дека во сезоната 2025/26 нема да се задоволи со средина на табелата. Целта е – промоција меѓу најдобрите!

Беласица оди чекор по чекор, но со срце и визија која се враќа на највисоко ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!