Втора лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: Закажан стартот за новата сезона – Прва лига на 8 август, Втора лига на 23 август

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го усвои официјалниот календар за претстојната натпреварувачка сезона 2025/26 во Првата и Втората македонска фудбалска лига, како и за сениорското натпреварување во Купот на Македонија.

Според новите одлуки на Управниот одбор на ФФМ, Прва МФЛ ќе се игра на три дена од викендот – петок, сабота и недела, со што се овозможува поголема флексибилност и покриеност со ТВ преноси и медиумско внимание.

Втората македонска лига останува во стандардниот формат и ќе се игра секоја сабота, додека натпреварите од Купот ќе бидат одигрувани во текот на работната недела, односно во вторник, среда или четврток, со што се добива простор за подобра организација и медиумска експонираност на ова популарно натпреварување.

  • Стартот на сезоната е веќе утврден:

Прва МФЛ ќе започне со есенскиот дел на 08, 09 и 10 август 2025 година;

Втора МФЛ ќе го има својот старт на 23 август 2025 година.

Ова официјализирање на календарот значи и старт на пресметките, подготовки и засилувања кај сите клубови кои со нетрпение го очекуваат новото првенствено поглавје. Очекуваме уште една возбудлива сезона на македонските фудбалски терени!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!