Турнири

ФОТО: Гостилница кај Џек блеска, Freight One со голеада – трета вечер со многу голови на „Благој Истатов 2025“

Сподели
Сподели

Третата вечер од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“ донесе нова доза на голови, возбудувања и извонредни настапи на теренот во Чифлик маало во Струмица.

Freight One во стил ја отвори вечерта со доминантна победа од 7:3 над екипата на Серта Конче, во натпревар од групата Б. Брзата транзиција, сигурната реализација и постојаниот притисок резултираа со висока победа.

Најмногу внимание предизвика екипата на Гостилница кај Џек, која одигра два меча во иста вечер. Прво, ги декласираше Фурна Марфи со убедливи 6:0, а потоа одигра драматичен и израмнет натпревар против Еклектик, кој заврши со резултат 4:4. Овој бод може да биде клучен во разврската во групата А.

Покрај сениорскиот дел, турнирот нуди и натпревари за младинските категории, кои секоја вечер внесуваат дополнителна енергија и ентузијазам на теренот.

Во генерација 2011/2012, екипата на Хотел Горан Пандев убедливо славеше против No1 Deni со резултат 8:1 – доминација која го привлече вниманието на публиката.

Во уште поубедлив натпревар, Pizza Delicija ја совлада екипата на Интер Кукла со 10:0, демонстрирајќи одлична офанзивна игра и одлична организација на теренот, во генерација 2013/2014.

Сите резултати, табели и извештаи од натпреварите ги следете ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на турнирот.

Турнирот продолжува вечерва со нови возбудувања и нови пресметки во борбата за трофејот и наградниот фонд од еден милион денари, а првиот ќе добие 500.000 денари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid...

Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!