Ракомет

Борозан останува верен на Вардар и следната сезона!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

РК Вардар и црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан, денес официјално, ја продолжија нивната соработка.

Корпулентниот лев бек ќе остане дел од „црвено-црниот“ тим и во натпреварувачката 2025/2026 година, што претставува значително засилување за клупските цели на домашната и европската сцена.

Борозан се врати во составот на Вардар во 2024 година и веднаш ја потврди својата вредност со искуство, физичка супериорност и прецизен, силен шут.

Неговата улога беше пресудна во освојувањето на трофејот во Купот. Продолжувањето на договорот ја потврдува цврстата релација и взаемната доверба меѓу играчот и управата на клубот.

Овој моќен лев бек, кој се прослави со своите проектили од далечина, веќе има богата историја со Вардар – во периодот 2016–2019 година беше дел од тимот кој доминираше со три шампионски титули, три Купа и три трофеи во СЕХА лигата. По неговото заминување од Скопје, настапуваше за Веспрем, Ал Араби и Ловќен.

Како дел од репрезентацијата на Црна Гора, Борозан го носеше националниот дрес на Европските првенства во 2014, 2016 и 2024 година.

Во 2017, пак, беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора – признание кое сведочи за неговиот квалитет и посветеност.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Овче Поле убедлив во Делчево, прв пораз за Огражден во Пирава

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново и тетовска Шкендија ги поделија бодовите

Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 во дуелот од деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига. Гостите од Тетово имаа предност...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!