Ракомет

Марио Келентриќ е нов тренер на голманите во Вардар

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување во стручниот штаб за следната сезона. Легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим, носејќи богато искуство и енергија.

Келентриќ, кој беше дел од златната генерација на Хрватска што ја освои светската круна во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004, ќе работи со голманите на првиот тим, со цел подигнување на нивото на индивидуалната подготвеност.

Досегашниот тренер на голмани, Стојан Петрушевски, останува дел од стручниот кадар и ќе биде задолжен за развојот на млади таленти низ младинските категории, како и за скаутирање на нови имиња – со цел создавање на квалитетен домашен производ за иднината на Вардар.

Келентриќ во својата богата кариера ги бранеше боите на клубови како Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Мелсунген, а како тренер работеше во Гумерсбах, каде последниве четири години беше задолжен за сите категории на голмани во клубот.

Работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а краток период мина и во ППД Загреб и Слога Добој.

„Со гордост можам да кажам – станувам дел од една голема ракометна приказна! Се приклучувам на клуб со богата историја и незаборавни успеси. По неколку потешки години, верувам дека Вардар се враќа на вистинскиот пат. Ја почувствував новата енергија и јасната визија на враќање кон врвот, и токму затоа решив да бидам дел од овој предизвик. Ќе го вложам целото срце, знаење и искуство, бидејќи верувам во овој проект. Ајде заедно да го вратиме Вардар таму каде што припаѓа – на врвот“, рече Келентриќ во својата прва изјава како член на Вардар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!