Прва лигаФудбал

Ново поглавје за ФК Пелистер: Захариевски си заминува, клубот најавува промени и нов тренер

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола влегува во нова етапа од својата историја. По завршувањето на сезоната 2024/25, клубот одлучи да започне со значителни промени во спортскиот и управувачкиот сегмент. Како прв чекор во тој процес, спогодбено беше прекината соработката со досегашниот шеф на стручниот штаб, Срѓан Захариевски.

Искусниот стратег го презеде кормилото на Пелистер во зимскиот преоден рок и ја водеше екипата во вториот дел од сезоната, при што клубот го заврши првенството на шестата позиција.

Од клубот изразија благодарност за професионалноста и ангажманот на Захариевски, посакувајќи му успех во неговите идни предизвици.

Пелистер најавува дека во наредниот период ќе биде објавено името на новиот шеф на стручниот штаб, како и на неговите соработници. Покрај тоа, се очекува и формирање на нов управен одбор, со што ќе се постават темелите за долгорочна и поамбициозна стратегија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!