Турнири

Третата вечер донесе нови возбудувања – Бербер Шоп Мухамед со спектакуларна партија, минимална победа за Златара Бени Ерол

Сподели
Сподели

Продолжува спектаклот на меморијалниот турнир во мал фудбал кој се одржува во Лабуништа, во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски и Беким Бајрамоски, а во организација на Шабан Кормакоски. Оваа спортска манифестација е вистински собир на љубителите на мал фудбал и почит кон луѓето кои оставиле силен белег во заедницата.

Се одиграа натпреварите од третата вечер од натпреварувањето, а беа постигнати вкупно 31 гол, додека пак гледачите уживаа во четири многу различни, но подеднакво интересни меча.

Бербер Шоп Мухамед ja отвори вечерта со спектакуларна победа од 12:8 над Султан Турс, во меч со брзи акции и голови на секои неколку минути. Вистинска голеада која ги воодушеви присутните.

Во вториот натпревар, ИВЗ Струга ја совлада Минтас Булдинг со сигурни 6:2, демонстрирајќи зрелост, тимска игра и одлична реализација.

Најнеизвесниот меч беше оној помеѓу Бинај и Златара Бени Ерол, кој заврши со минимални 0:1 за златарите, кои го искористија единствениот момент на невнимание на противникот.

Во последниот меч, Фура Кемо одигра зрела партија и го надигра Електро Промет со 0:4, задржувајќи максимален учинок во групната фаза.

  • Второто коло започнува со дерби дуели

Со завршување на првото коло, турнирот продолжува со втората рунда. Во следните три дена ќе се одиграат нови 12 натпревари, кои ќе бидат клучни за расплетот во групите. Еве го распоредот:

Среда, 18.06.2025

19:40 – Кафе Бар Лавадо – Рики Срл

20:30 – Идеал Рент а Кар – ХТМ Про Вин

21:20 – Мечо Транс – Сео Пласт

22:10 – Бау Путз Мемишоски – Деко Лукс Ресторан Лабуништа

Четврток, 19.06.2025

19:40 – Велешта Јунајтед – Самир Муртезоски

20:30 – Бинај – Електро Промет

21:20 – Нетто Маркети – Анима

22:10 – Виена Комерц – Балкан Профил

Петок, 20.06.2025

19:40 – Велиоски Градба – Демо Пласт

20:30 – Султан Турс – Минтас Булдинг

21:20 – Бербер Шоп Мухамед – ИВЗ Струга

22:10 – Златара Бени Ерол – Фура Кемо

      • Групи и пласман по првото коло

     

     

    Група А
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Зелен штит ХТМ Про Вин 1 1 0 0 5:0 +5 3
    2 Црвен штит Кафе Бар Лавадо 1 1 0 0 6:2 +4 3
    3 Жолт штит Идеал Рент а Кар 1 0 0 1 2:6 -4 0
    4 Светло зелен штит Рики Срл 1 0 0 1 0:5 -5 0

    Група Б
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Сив штит Нетто Маркети 1 1 0 0 11:1 +10 3
    2 Портокалов штит Деко Лукс – Ресторан Лабуништа 1 1 0 0 6:2 +4 3
    3 Виолетов штит Анима 1 0 0 1 2:6 -4 0
    4 Темно сив штит Бау Путз Мемишоски 1 0 0 1 1:11 -10 0

    Група Ц
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Зелен штит Балкан Профил 1 1 0 0 7:1 +6 3
    2 Темно црвен штит Виена Комерц 1 1 0 0 9:6 +3 3
    3 Син штит Велиоски Градба 1 0 0 1 6:9 -3 0
    4 Портокалов штит Демо Пласт 1 0 0 1 1:7 -6 0

    Група Д
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Портокалов штит Самир Муртезоски 1 1 0 0 7:4 +3 3
    2 Светло сив штит Мечо Транс 1 1 0 0 4:2 +2 3
    3 Сино-сив штит Велешта Јунајтед 1 0 0 1 2:4 -2 0
    4 Виолетов штит Сео Пласт 1 0 0 1 4:7 -3 0

    Група Е
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Црвен штит Бербер шоп Мухаммед 1 1 0 0 12:8 +4 3
    2 Зелен штит ИВЗ Струга 1 1 0 0 6:2 +4 3
    3 Син штит Султан Турс 1 0 0 1 8:12 -4 0
    4 Жолт штит Минтас Билдинг 1 0 0 1 2:6 -4 0

    Група Ф
    # Име Ут П Н И +/- Раз Бод
    1 Портокалов штит Фура Кемо 1 1 0 0 4:0 +4 3
    2 Светло сив штит Златара Бени-Ерол 1 1 0 0 1:0 +1 3
    3 Светло зелен штит Бинај 1 0 0 1 0:1 -1 0
    4 Светло виолетов штит Електро Промет 1 0 0 1 0:4 -4 0

     

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!