Турнири

Најава за втората вечер на „Благој Истатов 2025“: Три дербија во групата Г!

Сподели
Сподели

По возбудливиот старт на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2025“, вечерва не очекуваат три нови натпревари, сите од групата Г – и тоа во ритам што гарантира драма, борба и голови!

Натпреварите се играат на спортскиот терен во Чифлик маало во Струмица.

Оф 21 часот Хотел Истатов ќе игра против Агро Смарт од Штип. Тимот на Хотел Истатов ќе се обиде пред својата верна публика да дојде до триумф против цврстата штипска екипа која важи за незгоден противник со цврста одбрана.

Само еден час подоцна, Агро Смарт влегува повторно на терен против незгодната Црна Река – натпревар кој може да биде клучен за пласман понатаму.

Во 23 часот Црна Река оди на мегдан против Хотел Истатов. Вечерта ќе ја заокружи дуелот на двата состави што ќе го заокружат кругот – дерби за престиж и важни бодови уште во раната фаза.

Турнирот се игра со висок интензитет, а љубителите на малиот фудбал можат да очекуваат уште една фудбалска вечер исполнета со страст и навивање.

Следете ги сите информации и резултати ексклузивно на Спортска Мрежа, медиумски покровител на турнирот!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!