Ракомет

Баражот за Суперлигата во Прилеп: Екипата на Струга ќе бара опстанок, Мулти Есенс враќање во елитата!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Баражот за пополнување на последното место во ракометната Суперлига за сезона 2025/2026 ќе се одигра во Прилеп.

Во баражот ќе се соочат Струга и Мулти Есенс, стружани ќе бараат опстанок во Суперлигата, а пак тимот од Автокоманда враќање во елитата.

Натпреварот ќе се игра во четврток во салата „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, а победникот од овој меч ќе биде последниот патник во Суперлигата за следната сезона.

Во новата сезона ќе играат Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид, Тиквеш, Бутел, Пролет, Прилеп, Куманово, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2 кој се врати експресно во лигата, и останува да се добие последниот 12-ти учесник за следната сезона, а битката ќе биде меѓу Струга и Мулти Есенс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч со кој се отвори седмото коло во Првата женска фудбалска лига....

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи...

Ракомет

Еурофарм Пелистер со победа против „двојката“ пред европскиот старт

Еурофарм Пелистер го доби битолскиот дуел со својот втор тим, славејќи со...

Ракомет

Охрид убедлив против Прилеп, „гладијаторите“ со полна пареа кон Вардар

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи на домашен терен. „Гладијаторите“ вечерва ја...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!