Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Аеродром размислува за настап во Втора лига – клубот е со фокус на развој на младинската школа!

Сподели
Сподели

Женскиот фудбал во Македонија доби нов клуб – се формираше ЖФК Аеродром, кој на почетокот има фокус на развојот на фудбалската школа за најмалите девојчиња.

Редакцијата на Спортска Мрежа разговараше со раководството на клубот околу плановите и идните цели. Како што истакнаа од новоформираниот ЖФК Аеродром, фокусот ќе биде на развојот на фудбалската школа со најмалите, но не се исклучува можноста за настап и во Втората женска фудбалска лига.

Како што Спортска Мрежа веќе информираше, Втората женска фудбалска лига во следната сезона ќе добие две нови екипи – ЖФК Некст Левел од Охрид и ЖФК Ускана од Кичево, но второлигашкото друштво може да се прошири за уште една екипа, а тоа да биде токму ЖФК Аеродром.

Од клубот за Спортска Мрежа истакнаа дека, доколку се екипираат со сениорски тим, секако дека имаат амбиции за настап во Втората лига, како и во останатите младински категории.

Спортска Мрежа, како медиум посветен на промоцијата и поддршката на женскиот фудбал, со еднаков третман и кон нисколигашките клубови, го поздравува формирањето на ЖФК Аеродром и нивната желба да станат дел од Втората лига во иднина.


Клубот врши уписи на нови членови односно може да се запишат сите заинтересирани девојчиња на возраст од 6 до 14 години, вторник и четврток од 19 часот.

Контакт за повеќе информации кај Андриана 078 800 275 и 072 630 004 Зоран.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!