Втора лигаТрета лигаФудбал

Од Втора лига во сезона 2025/2026 ќе испаднат директно пет екипи, Трета лига ќе биде во шест региони!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.

Едногласно беше прифатен предлогот на работната група (Агим Ибраими, Сашо Здравевски и Игор Франговски) за промена на системот на натпреварување во македонските фудбалски лиги.

Со оваа одлука: Се усвојува нов систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27. Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.

Во продолжение, погледнете го моделот на новиот систем на натпреварување во МФЛ:

Поради кратењето на Втората лига од 16 на 14 екипи, како и поради кратењето на Првата лига од 12 на десет екипи, тоа значи дека во следната сезона 2025/2026 од Втора лига директно ќе испаднат пет екипи, а екипите кои ќе завршат на единаесеттото, десеттото и деветтото место ќе играат бараж.

Дополнително, Третата лига наместо во пет региони во иднина ќе биде во шест региони, па од сезона 2026/2027 за влез од Трета во Втора лига шампионите на шесте региони ќе играат меѓусебно, тоа би значело дека од Втора лига од сезона 2026/2027 трите последни екипи односно екипите на позиција 14, 13 и 12 ќе испаднаат директно односно нема да има бараж за опстанок во Втора лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!