Ракомет

Пролет е прв во плеј-аутот, Струга ќе игра бараж за опстанок со Мулти Есенс!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Пролет заврши на првото место во плеј-аутот на Суперлигата откако во мечот од последното коло славеше со 30:28 над Радовиш.

Овој натпревар немаше резултатско значење бидејќи каков и да беше исходот Пролет ќе биде секако прв, а пак Радовиш секако четврти.

Кај екипата на Пролет најдобри беа Додевски и Василевски со по шест гола, кај радовишани најдобар беше Филип Трајанов со пет гола.

Струга со победа над Прилеп го заокружи плеј-аутот во Суперлигата и заврши на петтата позиција, која позиција значи играње на бараж за опстанок. Струга беше подобра со 26:29, а најдобар стрелец за стружани беше Олег Јорданов со десет погодоци, а пак за прилепчани најпрецизен беше Александар Тренчевски со шест гола.

Сепак, Струга оди во баражот за опстанок во Суперлигата, а ќе се соочи со екипата на Мулти Есенс која заврши на второто место во прволигашкиот плеј-оф.

Пролет е прв со 18 бодови на своето конто, втор заврши Прилеп со 13 бодови, а толку има и Куманово кој е трет. На четвртото место со 10 бодови заврши Радовиш, а толку бодови има и Струга која заврши на петтата позиција или во бараж зоната за испаѓање, на последното шесто место е Борец ФЛ од Велес со минус еден бод на своето конто, велешани беа исфрлени од натпреварувањето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!