Трета лигаФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Беса од Сарај е во Трета лига – Север, огромна радост за овој голем успех!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Беса од Сарај е последниот патник во Трета лига – Север, откако славеше над Бујковци

Екипата на Беса од Сарај е последната екипа која ја пополни Третата македонска фудбалска лига – Север за следната сезона 2025/2026, откако во баражот славеше над Бујковци преку пенал рулет.

Одличен натпревар пред се во вториот дел кога имаше поголема жар во самата игра. Амар Шабани во 15. минута со гол од белата точка го отвори резултатот за 0:1, а веќе по 27. минута Шабани ја казни грешката на голманот на Бујковци, Филип Петрушевски и ја стресе мрежата за 0:2 на полувреме.

Во второто полувреме екипата на Бујковци тргна во обид да дојде до брз гол и стигна во 73. минута кога по една мешаница пред голот на Беса, Антонио Петровски погоди за 1:2.

Следуваа неколку опасни шанси за екипата на Беса, но немаше среќа во реализацијата, па затоа во 95. минута стигна казната, откако Антонио Петровски погоди од белата точка за 2:2, а капитенот на тимот од Сарај, Љавдрим Палику доби втор жолт картон и со тоа го напушти теренот.

Пред изведувањето на пенал серијата црвени картони после мечот добија Денис Сали и тренерот Кадир Неџипи.

Во првата пенал серија Антонио Петровски и Амар Шабани не погодија, а интересно е што во регуларниот дел и двајцата беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа од белата точка.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во втората серија погодија Васко Ристески и Фуркан Саити, а пак во третата серија не погодија Александар Алексиќ и Венхар Незири.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Следуваше четврта серија во која Кристијан Стојановски не погоди, а пак Муртезан Незири беше сигурен за Беса, а во петтата серија погодија Марио Антевски и Омер Зендели.


Веднаш по голот на Зендели започна големата радост кај навивачите на Беса и играчите за влезот на тимот од Сарај во Трета лига – Север.

Ова беше бараж на поразените екипи од претходниот бараж, откако екипата на Бујковци загуби од Лопате со 0:2 со што тимот на Лопате кој беше шампион на ОФЛ Куманово влезе во Трета лига – Север, а пак Беса преку пенали загуби од Отља, откако во регуларниот дел беше 1:1, а во пенал серијата подобра Отља која како шампион на ОФЛ Липково оди во Трета лига – Север.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во новата сезона во Трета лига – Север ќе играат Фортуна, Еуромилк ГЛ, Куманово, Ржаничино, БВК Коњаре, Аеродром, Беса Влазрими, Пчиња, Кадино, Башкими Љуботен и новите третолигаши Студеничани, Отља, Лопате и Беса од Сарај.

Од Трета лига – Север испаднаа Риниа 98, Њу Старс и Академија Илинден.


ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!