Втора лигаФудбал

Трите бодови императив: Осогово го чека Детонит Плачковица во Кочани

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре на Градскиот стадион во Кочани ќе се соочат екипите на Осогово и Детонит Плачковица во рамки на вонредното 4. коло на Втората македонска фудбалска лига.

Густиот распоред со кои се соочуваат второлигаши може и тек како да влијае врз нивната игра, во обид да се одржува свежина, да се извлече максимум на теренот, а притоа да нема повреди со оглед на фактот што е почеток на првенство.

Осогово по три кола се одлучи за тренерска промена, а за ист чекор се одлучи и Детонит Плачковица. На тренерското столче во Осогово седна Горанчо Георгиев кој дебитираше со реми во Штип во дербито на Истокот против Брегалница (1:1), а пак Горан Здравков како старо-нов тренер тргна со две победи на клупата на Детонит Плачковица. Најпрво штипскиот стратег Здравков го доби Борец во Купот со минимални 0:1, а во рамки на 5. коло во Втората лига го доби Скопје со минимални 1:0 на домашен терен.

Осогово прикажа одлична игра против Брегалница, во меч каде „жетварите“ покажаа карактер и игра преку која ги бараа и три бодови, тоа повеќе од јасно кажува дека Осогово против Детонит Плачковица оди по три бодови, а предност за нив ќе биде домашниот терен, домашната публика и верните „Сејмени“ кои ќе бидат ветер во грб.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Детонит Плачковица играчки има поголем квалитет, располага со играчи кои имаат прволигашко искуство, играчи кои имаат долг стаж во Втората лига, искуство е на страната на радовишани, па тоа ќе биде нивна силна страна.

Статистички во однос на меѓусебните дуели двете екипи од 3. октомври 2021 година до сега 13. април 2024 се соочија седум пати, двапати на пријателски мечеви и петпати на првенствени натпревари во Втората лига. Детонит Плачковица на последните три натпревари последователно слави, а пак Осогово двапати, додека пак два натпревари завршиле без победник.

  • МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ ОСОГОВО – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

03.10.2021 Осогово – Детонит Плачковица 2:1 ВМФЛ
14.12.2021 Детонит Плачковица – Осогово 0:0 ВМФЛ
06.02.2022 Осогово – Детонит Плачковица 2:1 ПРИЈАТЕЛСКА
05.07.2022 Осогово – Детонит Плачковица 1:1 ВМФЛ
08.02.2023 Детонит Плачковица – Осогово 3:0 ПРИЈАТЕЛСКА
21.10.2023 Детонит Плачковица – Осогово 3:0 ВМФЛ
13.04.2024 Осогово – Детонит Плачковица 1:3 ВМФЛ

Во секој случај се очекува неизвесен и тежок меч и за двете страни во борбата за остварување на нивната цел, а тоа ќе биде трите бодови.

Главен судија на мечот ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп, негови помошници ќе бидат Марјан Смилкоски и Дино Конески од Прилеп, а четврт судија ќе биде Здравко Костовски од Штип.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата...

Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница....

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!