Турнири

ФОТО: АСП Пак со „петарда“ за Хризантема, Фасада Чајник подобра преку пенали!

Сподели
Сподели

Продолжуваат фудбалските возбудувања на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“, откако вечерва беа одиграни три натпревари, а двата се решаваа во пенал-рулетот.

Во првиот меч екипата на АСП Пак со убедливи 5:2 го декласираше составот на Хризантема, а пак вториот меч понуди многу неизвесност. Хајв Кафе и Фасада Чајник ремизираа во меч без погодоци во регуларниот дел 0:0, но натпреварот понуди многу шанси кои не беа реализираше, па победникот се бараше во пенал серијата, каде подобра беше екипата на Фасада Чајник со 5:4.

Третиот меч исто така се решаваше во пенал-серијата, но регуларниот дел понуди дури осум гола, 4:4 на Нана Фруит Соларбилд и Демир Хисар, кад екипата на Демир Хисар беше подобра со 8:7 во пенал серијата.

Публиката во Ресен уживаше во одлични натпревари кои понудија одлична атмосфера, погодоци, атракција и многу шанси.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан во Ресен.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

Турнири

Познати полуфиналистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“ – четири екипи во битка за големото финале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!