Турнири

Бел Мерцедес на мегдан против Инекс Олгица во големото финале на „Враништа 2025“

Сподели
Сподели

Бел Мерцедес против Инекс Олгица во големото финале на овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2025“.

„Таксистите“ се намачија во полуфиналето откако во регуларниот дел одиграа 0:0 против Аце Најдески, по што пенал-рулетот го одлучуваше победникот.

Во регуларниот дел двете екипи имаа свои моменти и шанси, но без успешна завршницата, а мрежите останаа мирни. Во пенал серијата екипата на Бел Мерцедес беше подобра со 0:2 и така патува во големото финале.

Во вториот полуфинале меч екипата на Инекс Олгица беше сигурна и убедлива совладувајќи го тимот на Студио 13 со резултатот од 1:3.

Во битката за трето место ќе се соочат поразените екипи во полуфиналето односно Аце Најдески против Студио 13.

Финалето се игра утре (2 јуни) со почеток од 22 часот, а еден час претходно односно од 21 часот ќе се одигра натпреварот за трето место.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец убедлив против Млекар, Вардар Неготино и Борец ремизираа на „Цвај арената“, нема победник во Крушево

Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на „Цвај арената“, двете екипи одиграа 2:2 во натпревар од 4. коло...

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!