Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: Лопате е нов третолигаш, во Трета лига – Север влезе и екипата на Отља

Сподели
Сподели

Се пополнува Трета лига – Север за сезона 2025/2026, откако преку бараж влегоа две екипи, а претходно Студеничани кој беше шампион на ОФЛ Кисела Вода на директен начин влез во Трета лига – Север.

Екипата на Лопате која беше шампион на ОФЛ Куманово со 0:2 славеше над Бујковци, шампионот на ОФЛ Гази Баба, во бараж натпреварот кој се одигра на одличниот терен во Агино Село.

Првиот дел од натпреварот помина во знакот на мирните мрежи (0:0), а во вториот дел резултатот беше отворен во 51. минута откако Мухарем Исени беше прецизен за 0:1.

Бујковци се обидуваше да креира изгледа шанса за погодок, но во 76. минута Биљали Хасан ги постави конечните 0:2.

ФОТО: Теренот во Агино Село во перфектен кондиција

Во вториот полуфинале меч меѓу шампионот на ОФЛ Скопје, екипата на Беса од Сарај и Отља, која беше шампион на ОФЛ Липково, победникот се бараше преку пенали, а се играше на теренот во скопско Кадино.

ФОТО: Огромен интерес во Агино Село да се проследи бараж натпреварот меѓу Бујковци и Лопате

Регуларниот дел заврши со резултат од 1:1, а екипата на Беса прва го отвори резултатот во 16. минута. Во вториот дел Буњамин Фетаи постигна гол во 71. минута за конечни 1:1.

Во пенал серијата за екипата на Беса погодија Венхар Незири, Фуркан Саити, Амар Шабани и Еркан Хајрули, а Љавдрим Палику не реализираше.


За тимот на Отља во пенал серијата погодија сите пет играчи односно Зубеир Незири, Лабинот Куртиши, Сабри Ибиши, Ќендрим Абази и Ерсин Сулимани.

Според информациите на Спортска Мрежа ќе се одигра уште еден бараж меч од поразените екипи од баражот односно свое соочување ќе имаат Бујковци и Беса од Сарај, со што ќе се добие последниот патник за влез во Трета лига – Север.

Според нашите информации овој бараж меч ќе се одигра во четврток, а неофицијално многу веројатно е истиот да се игра на одличниот терен во Агино Село.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!