Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен го подигна шампионскиот пехар во Првата женска фудбалска лига!

Сподели
Сподели

Екипата на Љуботен е старо-нов шампион на Македонија во женскиот фудбал! Во рамките на последното 27. коло од Првата женска фудбалска лига (ПЖФЛ), шампионките со убедливи 4:0 ја совладаа Тиверија Брера на домашен терен, во натпревар без резултатско значење, но со симболично крунисување на успешната сезона.

Резултатот го отвори Екатерина Фролова во 8. минута, а до крајот на натпреварот блескаше голгетерката Хава Мустафа, која постигна хет-трик за конечни 4:0.

Тиверија Брера ја завршува сезоната како вицешампион на Македонија, со што повторно потврди дека е еден од најдобрите женски колективи во земјава.

Ас Јунајтед со голот на Веса Села во 15. минута славеше минимална победа од 1:0 против Скопјe.  Каменица Саса направи пресврт и победи со 1:2 на гостувањето во Битола против Топ Гол. Домашните поведоа преку Кристина Мојсоска во 22. минута, но Ана Димитровска со два погодоци ја донесе победата за Саса. Истатов беше убедлив на гости кај Речица со триумф од 2:5. За Речица погодија Софија Величковска и Марија Антевска, додека за Истатов два пати прецизни беа Кристина Петрушевска и Меланија Грозданова, а еден гол постигна Катерина Петкова.

Екипата на Речица ќе ја бара својата шанса за опстанок преку бараж натпревар против амбициозниот второлигаш Вардар, кој пак се надева на историско деби во женската елита.

Во ова последно коло, слободна беше екипата на Атлетико од Битола.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!