Останато

Британецот Џеј Кларк победник на Macedonian Open!

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Дваесет и шест годишниот Британец Џеј Кларк е победник на годинашното издание на АТП Челинџер 75 турнирот Macedonian Open 2025, откако во финалето, кое траеше 84 минути, го совлада тенисерот Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина со 2-0 во сетови (6:2, 6:3).

За триумфот, Кларк освои 75 АТП поени и паричен износ од 19.200 евра, додека финалистот Фатиќ доби 44 поени и 7.620 евра. Кларк прв дојде до брејк во четвртиот гем од мечот и поведе со 3:1, но Фатиќ веднаш возврати со ри-брејк за 3:2. Сепак, Британецот веднаш ја врати предноста со нов брејк за 4:2, а сетот го затвори со уште еден освоен сервис-гем на противникот за убедливи 6:2.

Во вториот сет, Кларк направи брејк уште на стартот за водство од 2:0, кое бргу го зголеми на 3:0. Иако му беа потребни пет меч-топки за да го затвори сетот, тој остана смирен и триумфираше со 6:3, запечатувајќи ја победата и трофејот.

Ова воедно беше и најкраткиот меч за Кларк на турнирот во Скопје, кој ги доби сите натпревари со 2-0 во сетови. На патот до титулата, тој ги совлада и фаворитите Хуго Делиен (прв носител), Жоел Шварцлер (бранител на титулата) и Педро Качин.

Додека се одигруваше финалето во сингл на Централниот терен, на терен број 5 се играше финалето во конкуренција на двојки. Титулата ја освоија чешките тенисери Ендрју Полсон и Михаел Врбенски, кои со пресврт славеа против Срирам Балаџи и Мигуел Рејес-Варела (Индија/Мексико) со 2-1 во сетови (2:6, 6:4, 10-6). Финалето во двојки траеше 82 минути.

Поради дожд, двата финални меча беа одложени за речиси три часа и се играа на различни терени. Иако дождот повторно се појави кон крајот, не ја спречи успешно да се одржи церемонијата на доделување на медалите.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

 

 

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!