Прва лигаФудбал

Дарко Додев на радарот на неколку екипи од Европа!

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Македонскиот фудбалер Дарко Додев заминува од Силекс и кариерата ќе ја продолжи во нова средина, а како што дознава Спортска Мрежа, 27-годишниот фудбалер од Неготино е на радарот на неколку европски екипи.

Во следниот период ќе треба Додев да ја одбере најдобрата понуда од тие кои веќе пристигаат на неговата адреса.

Фудбалерот кој може да игра како лево и десно крило, оваа сезона постигна осум погодоци и имаше пет асистенции во дресот на Силекс од Кратово во Првата македонска фудбалска лига, а имаше еден гол и асистенција и во Купот на Македонија за вкупно девет гола и шест асистенции.

Зад Додев е успешна сезона, а интерес за него пројавуваат ФК Кајрат од Казахстан, Истра од Хрватска, Зира од Азербејџан, Универзитатеа Клуж од Романија, РФС од Летонија, потоа екипата на Зимбру од Молдавија, како и украинските екипи Верес, Епицентр и ЛНЗ.

Низ својата кариера беше дел од Металург, Силекс, Тиквеш, Брегалница, Влазнија од Албанија и Шкупи.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!