Турнири

Би-Зи Груп моќна, драма на пенали – „Враништа 2025“ со нова вечер полна возбудувања

Сподели
Сподели

Уште една возбудлива вечер на турнирот „Враништа 2025“ ни донесе голови, неизвесност и борбеност до последната минута. Натпреварите се заоструваат, а тимовите покажуваат сѐ повеќе енергија и страст на теренот.

Најубедливата победа ја оствари Би-Зи Груп, која со доминантни 5:1 го совлада тимот на Хаџијан од Ресен. Тимот делуваше уверено и координирано, контролирајќи го темпото од самиот почеток до крајот на натпреварот.

Виена Комерц дојде до лесни бодови со службен резултат 1:0 против Коза Ностра Нова, која не се појави на теренот.

Најголемата драма вечерта се случи во дуелот меѓу Фурна Настоски – Форт Кафе и M.M. Транс. Натпреварот заврши 1:1 по регуларниот дел, но пенал-рулетот им припадна на M.M. Транс, кои беа посмирени и поефикасни од белата точка, славејќи со 3:1.


Во последниот меч, Студио 13 успеа да ја победи екипата на Ночелино со тесни 3:2, во натпревар исполнет со брзи акции и неизвесност до последниот свиреж.

Со секој изминат натпревар, атмосферата на „Враништа 2025“ станува сѐ пожешка, а фановите уживаат во одличниот амбиент и квалитетен фудбал!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

Турнири

Познати финалистите на „Алмир Ибески – Алмо 2026“: Голема битка во Дебреште за трофејот!

Познати се финалистите на Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!