Кошарка

Стојановска: Оваа титула ја посветуваме на градот Македонска Каменица

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Нема промени на кошаркарската „мапа“ во Македонија кога станува збор за оној женски сенироски сегмент.

Екипата на Баскет кам од Македонска Каменица, по четвртти пат по ред стигна до шампионската титула. Го продолжи низот, и потврди дека е неприкосновена во овој временски период.

Втора година по ред со Жаклина Стојановска на клупата, која ги споделува своите импресии по завршената серија со Крива Паланка, „решена“ во три натпревари.

„Оваа титула ја освоивме со срце, карактер и чиста игра. Против себе имавме тим кој не сакаше достоинствено да ја прифати разликата во квалитет, но ние одговоривме спортски, со дисциплина и квалитет. Победивме 3-0 и тоа е најдобриот одговор што можевме да го дадеме“ – потенцира Стојановска.

Вели дека оваа е награда за сите вложувања, зрелост, сила и верба во изминатата сезона која е крунисана со шампионски пехар број 4 во исто толку натпреварувачки сезони.

„Девојките беа неверојатни – покажаа зрелост, сила и верба во секоја минута од секој натпревар. Ова не е само шампионска титула – ова е победа на трудот над кратките патишта, на тимот над индивидуалноста, на достоинството над провокацијата. Им благодарам на сите кои беа со нас – на клубот, и на навивачите кои не поддржуваа безрезервно. Оваа титула ја посветуваме на градот Македонска Каменица“, истакна Стојановска.

Баскет Кам четврти пат во низа е шампион на Македонија, а во финалната серија шампионот од Македонска Каменица со 3-0 беше подобар од Крива Паланка.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп откако во првиот меч во „Билјанини Извори“ славеше убедлива победа од...

Поврзани написи
Кошарка

Гевгелија – град на кошарката: девет екипи ќе се натпреваруваат во сезоната 2026/2027

Гевгелија продолжува да ја гради својата кошаркарска приказна, а во пресрет на...

Кошарка

Гостивар и Феникс 2010 немилосрдни, Охрид и Вардар со нови победи во Првата кошаркарска лига

Второто коло од Првата македонска лига во кошарка донесе високи резултати, убедливи...

Кошарка

МЗТ Скопје со трет пораз во ФИБА Еврокупот, Вурцбург славеше на домашен терен

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе третиот пораз во групната фаза...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!