Останато

Македонскиот шампион Бобан Илиоски повторно во рингот за одбрана на светската титула во Вако Про!

Сподели
Сподели

Најдобриот македонски кик боксер, Бобан Илиоски, престојниов викенд на 24 мај ќе ја брани титулата светски професионален шампион во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1, во категоријата до 88,6 килограми. Големата борба ќе се одржи во Женева, Швајцарија.

Илиоски во рингот ќе се соочи со искусниот Французин Кадри Мурсели, а настанот се очекува да биде вистински спектакл на боречки вештини. Македонскиот шампион ја освои оваа престижна титула минатата година во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, каде што славеше против светскиот аматерски првак Берк Дузенли од Турција со судиска одлука 2-1.

Таа борба беше историски момент за македонскиот кикбокс, бидејќи за првпат нашата држава беше домаќин на ваков настан под покровителство на Кикбокс маитаи-федерацијата на Македонија.

Виолета Јанчева, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!