Младински фудбалФудбал

ФОТО: Беса од Добри Дол е шампион во Регионалната полошка лига – група Б

Сподели
Сподели

Екипата на Беса од Добри Дол стана шампион во Регионалната полошка лига – група Б петлиња 2010, откако во последното, 18-то коло, триумфираше над Арсими со 1:2.

Во рамки на последниот натпревар, екипата на Арсими уште во 3. минута дојде до водство откако погоди Ајан Илјази. До крајот на првото полувреме, Беса преку Фатон Даљипи израмни на 1:1 во 20. минута, а веќе во 27. минута направи и пресврт со гол на Кадри Кадрији за конечни 1:2.

Оваа генерација е предводена од капитенот Омер Џеладини, кој е клучен играч, а исто така треба да се истакнат и Ендри Реџепи, Амин Зубери, Семир Метлику, како и Арби Џабири.

Голем успех за овие млади играчи, кои се светла иднина на фудбалскиот клуб Беса, кој преку бараж ќе се бори за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.


„Генерацијата е предводена од тренерот професор Ардиан Имери, како и координаторот професор Венхар Велија, а клубот одлично се развива и напредува благодарение и на генералниот спонзор ‘Global Immobilen’, на чело со семејството Таири“, истакна портпаролот на клубот, Абудала Јонузи за Спортска Мрежа.

Беса заврши на првото место со 36 бодови на своето конто само бод повеќе од Дрита која заврши втора со 35 бодови.

Тимот од Добри Дол во Регионалната полошка лига Б 2010 – петлиња имаше учинк од 11 победи, три ремија и два порази, притоа постигна 67 погодоци, а прими 29 гола.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!