Втора лигаТрета лигаФудбал

Бафто ќе го суди „најжешкиот“ бараж меѓу Осогово и Шкендија Арачиново, правда ќе делат и Ристовски и Илиоски

Сподели
Сподели

Во сабота ќе се одиграат бараж-натпреварите за влез од Трета во Втора македонска фудбалска лига. Само 90 минути ги делат екипите од остварување на целта – пласман во Втората лига за сезоната 2025/2026.

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овие баражи.

Фатмир Бафто од Охрид ќе го суди „најжешкиот“ дуел меѓу Шкендија Арачиново и Осогово, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Шкендија Арачиново, како шампион на Трета лига – Север, ќе се соочи со Осогово, кој како второлигаш ќе се обиде да избори опстанок.

Помошници на Бафто ќе бидат Владимир Митревски од Битола и Горан Балески од Охрид, додека четврти судија е Благојче Ралевски од Битола.

Делегат на натпреварот е Славчо Ѓорѓијоски од Прилеп, а контролор – Јосип Бартон од Тетово.

На теренот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во Скопје ќе се соочат шампионот на Трета лига – Југозапад, екипата на Преспа, и Слога Виница, шампион на Трета лига – Исток.

Судија на овој натпревар ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, со помошници Бори Трајков (Прилеп) и Ристо Ѓорѓиев (Штип). Четврти судија ќе биде Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Делегат е Васко Бошевски од Битола, а контролор – Никола Караколев од Штип.

На стадионот во Ѓорче Петров ќе се игра третиот бараж, меѓу шампионот на Трета лига – Југ, Големо Коњари, и шампионот на Трета лига – Запад, Тетекс. Судија ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија.

Негови помошници ќе бидат Петар Новачев (Велес) и Мервин Топојани (Скопје), а четврти судија – Дарко Стојчевски од Скопје.

Делегат на натпреварот е Митко Бојаџиев од Чешиново, а контролор – Горан Спироски од Прилеп.

Делегирани судии за баражите за влез во Втора лига:

  • Осогово – Шкендија Арачиново: Фатмир Бафто (Охрид)

  • Преспа – Слога Виница: Влатко Илиоски (Прилеп)

  • Големо Коњари – Тетекс: Доне Ристовски (Гевгелија)

Сите бараж-натпревари за влез од Трета во Втора лига ќе се играат во сабота, со почеток во 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!