Турнири

„Аце Најдески“ без милост – нова убедлива победа на турнирот „Враништа 2025“

Сподели
Сподели

Фудбалската треска не стивнува во Враништа! Четири натпревари од новото коло понудија и службени резултати, но и спектакл на теренот – особено од екипата на Аце Најдески, која продолжува со доминантни настапи.

Во највпечатливиот меч за вечерта, Аце Најдески буквално го прегази Рент-а-кар Кико со убедливи 9:1, потврдувајќи ја улогата на еден од главните фаворити за висок пласман.

До рутински три бода стигна и Гостилница Кај Мече, која ја совлада Електро Промет со сигурни 5:0, покажувајќи зрелост и одлична реализација пред голот.

Јован 2014 и Сатеска пак, без да одиграат натпревар, дојдоа до службени победи со по 1:0 против Волино, односно ДООЕЛ Нануш 2015, кои не се појавија на теренот.

Како што одминуваат деновите, турнирот станува сѐ поинтересен, а фаворитите полека го зацврстуваат својот пат кон елиминациската фаза. Продолжуваме со уште понапнати дуели, борба за бодови и фудбалска магија под светлата на „Враништа 2025“!

Спортска Мрежа е медиумски покровител на турнирот “Враништа 2025”.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!