Втора лигаФудбал

Аљбин Рамадани најдобар стрелец во Втората лига – сезона 2024/2025!

Сподели
Сподели

Фудбалерот на Арсими, Аљбин Рамадани, ја заврши сезоната 2024/2025 како најдобар стрелец во Втората македонска фудбалска лига.

24-годишниот напаѓач на тимот од Чегране постигна 19 погодоци, оставајќи зад себе искусниот Симеон Христов од Македонија Ѓ.П., кој заврши со 18 гола.

И покрај тоа што Христов имаше импресивна сезона, тој пропушти шест натпревари поради повреда – неговиот последен настап беше во 24. коло во Гевгелија против Кожуф. Ова го искористи Рамадани и ја освои титулата на најдобар стрелец.

  • НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ВТОРА ЛИГА 2024/2025:
Голови Играч Клуб
19 Рамадани Аљбин ФК Арсими-1973
18 Христов Симеон ФК Македонија Ѓ.П. 1932 АД
15 Симевски Андреј ФК Каменица Саса
14 Дуков Сашо ФК Кожуф Гевгелија
13 Демири Хусеин АД ФК Башкими 1947 Куманово
11 Таипи Албан ФК Арсими-1973
10 Дишлиевски Оливер ГФК Охрид Лихнидос
10 Талески Никола ФК Победа АД
9 Жоглев Владимир ГФК Осогово
9 Калпачки Давид ФК Брегалница 2008 АД
8 Димоски Филип ФК Победа АД
8 Јовов Димче ФК Беласица АД
8 Масевски Дамјан ФК Детонит Плачковица
8 Мичковски Тони ФК Каменица Саса
7 Грозданоски Дарко ФК Кожуф Гевгелија
7 Маркоски Кире ФК Македонија Ѓ.П. 1932 АД
7 Османи Флорент ФК Борец 1919 АД
7 Смилков Александар ФК Детонит Плачковица
7 Шефити Шефит ФК Арсими-1973
6 Баламов Илија ФК Вардарски
6 Здравевски Бобан ЗФК Новаци 2005
6 Неделков Кирил ГФК Вардар Неготино
6 Хамза Меметриза АД ФК Башкими 1947 Куманово
6 Шуку Ерион ФК Скопје АД


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во прилепското село Дебреште, а победничкиот трофеј го освои екипата на БХС...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го освоија меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“. Во атрактивен натпревар со неизвесности прилепскиот...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Ораовица вечерва во знакот на женскиот фудбал: Околу 40 девојки играа под рефлектори

Во село Ораовица, Радовишко, вечерва успешно се одржа спортскиот настан посветен на...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: ЖФК Вардар – ЖФК Истатов

Следете го во живо натпреварот од првото коло меѓу Вардар и Истатов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!