Трета лигаФудбал

Преспа го подигна шампионскиот пехар – тимот од Ресен е првак во Третата лига – Југозапад!

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Преспа од Ресен ја завршија сезоната на најдобар можен начин, освојувајќи ја титулата во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад. Тимот ја оствари првата од двете клучни цели – стана шампион во својата група, а сега целото внимание е насочено кон баражот за пласман во Втората лига.

Во последното 22. коло, на домашен терен, Преспа ја совлада екипата на Света Троица од Охрид со 2:1. Гостите први го отворија резултатот преку Хадис Сулејмани во 20. минута, но Преспа одговори брзо – десет минути подоцна, Никола Угриноски израмни на 1:1. Во вториот дел, победата ја запечати Александар Поповски со погодок во 68. минута, по што следеше славје и свечено подигнување на шампионскиот пехар.

Тимот од Ресен низ целата сезона покажа стабилност и квалитет, забележувајќи 15 победи, четири ремија и само два порази во 21 натпревар. Преспа го имаше вториот најдобар напад во лигата со 49 постигнати голови, само 11 помалку од Сатеска која го имаше најефикасното напад, но токму ресенчани може да се пофалат со најдобрата дефанзива – само 16 примени погодоци.

Фудбалерите на Света Троица со шпалир го поздравија шампионот Преспа на Градскиот стадион во Ресен пред почетокот на мечот.

Последното коло донесе интересни резултати и кај останатите екипи. Евротиоп со погодок на Стефан Бончаноски уште во 11. минута славеше минимално над Славеј од Мешеишта. Караорман сезоната ја заокружи со победа од 1:0 над Кравари, благодарение на голот на Ивица Ќелешоски во 54. минута. Екипата на Кораб на домашен терен го совлада Велешта со 2:1 – стрелци беа Ујкан Јани и Адем Колоња, додека за гостите погоди Диели Каба.

Сатеска од Волино го заврши натпреварот против Влазними со победа од 2:1, благодарение на двојниот стрелец Лука Богданоски, додека почесниот гол за гостите го постигна Сокол Арифи. Тимот на Демир Хисар беше слободен во последното коло.

Титулата во ТМФЛ – Југозапад е само прв чекор за Преспа. Тимот сега се подготвува за следниот голем предизвик – баражот за Втора лига, кој може да ја заокружи оваа историска сезона со уште еден успех.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

По европската еуфорија – Охрид се враќа на домашните обврски: дуелот со Алкалоид во фокусот

По историскиот пласман во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, ракометарите на Охрид немаат многу време за славје. „Гладијаторите“ веднаш се насочуваат кон новите...

Трета лигаФудбал

Убедлива победа од пет гола на Овче Поле над Борец на пријателски меч

Убедлива победа забележа екипата на Овче Поле, која на пријателски натпревар славеше со високи 5:1 против тимот на Борец. Дуелот се одигра во...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Убедлива победа од пет гола на Овче Поле над Борец на пријателски меч

Убедлива победа забележа екипата на Овче Поле, која на пријателски натпревар славеше...

ФудбалФудбалска репрезентација

Љупчо Трајковски повеќе не е дел од ФФМ!

Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека е раскинат договорот со...

ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ потврди: Ванче Шиков повеќе не е дел од националниот тим

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека Ванче Шиков повеќе не е дел...

Втора лигаФудбал

Се чека последниот патник во баражот за Втора лига

Во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига влегуваат осум екипи,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!