Останато

Машката сениорска одбојкарска репрезентација денес ги започнува подготовки за ЦЕВ Златната Европска лига 2025

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката сениорска репрезентација, денес во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово.

На првата прозивка ќе се појават 15 одбојкари, единствено ќе недостасува Михајло Мирасчиев, кој поради приватни обврски ќе задоцни, но ќе се стави на располагање веќе на првиот тренинг попладнето.

Според планот репрезентацијата една недела ќе тренира во салата „Парк“ во Струмица, а потоа патува за Марибор каде на 24 и 25 мај ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска, како проверка на силата во пресрет на натпреварите од Златната Европската лига.

Во годинешното издание на ЦЕВ Златната Европска лига ќе учествуваат 12-те национални тима каде покрај Македонија ќе се натпреваруваат и Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел. Како и во претходното издание така и во ова ќе се игра според т.н. „швајцарски систем“ односно во три турнири, а секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден турнир.

Третата година во низа како дел од силното континентално натпреварување машката репрезентација го започнува викендот од 6 до 8 јуни во Братислава, Словачка, каде Македонија ќе ги измери силите со домаќинот на првиот турнир и селекцијата на Финска. Вториот турнир одбојкарите го играат една недела подоцна од 13 до 15 јуни во Рига против Летонија и Грција. Македонија ќе биде домаќин на еден од трите турнири во третиот викенд од годинешното издание, кога од 20 до 22 јуни во салата „Парк“ во Струмица, ќе ги пречека Црна Гора и Израел.

По комплетирањето на турнирите ќе биде формирана заедничка табела на која првите четири најдобро пласирани селекции ќе изборат учество на финалниот турнир, кој ќе се одржи на 5 и 6 јули во Брно, Чешка.

Машката А репрезентација од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат,...

Останато

Табата го запре Ивановски на стартот на турнирот на Златибор

Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Калин Ивановски, по пауза од два месеца...

Останато

Македонските млади атлети со успешни настапи на EKAG 2026 во Брно

Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026,...

Останато

Камјани и Работнички победници на Купот на Македонија за пионери и пионерки

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!