Трета лигаФудбал

Света Троица убедлива над Демир Хисар – Кочески се „распука“, Ѓорѓиески погоди против Караорман за три бода на Славеј Мешеишта!

Сподели
Сподели

Денес беше отворено вонредното 21. коло на Трета лига – Југозапад со четири меча, а ќе се затвори утре со натпреварот меѓу Кравари и Сатеска од Волино.

Вистинска голеада во Охрид, екипата на Света Троица со убедливи 6:2 го декласираше Демир Хисар со што на своето конто запиша три златни бодови и го заверува опстанокот во Трета лига – Југозапад во меч кој имаше голем влог за двете екипи кога е во прашање опстанокот.

Натпреварот беше решен уште во првиот дел од натпреварот кога во Охрид „пукна петарда“ за 5:1 на полувреме. Христијан Маркоски во 25. минута постигна гол за 1:0 и водство на Света Троица, но по само две минути најдобриот голгетер на Демир Хисар, Стефан Каревски постигна гол за 1:1. Не требаше многу до крајот на првиот дел се случи вистински „распад“ на тимот на Демир Хисар, откако голманот Валентино Петрески капитулираше уште четири пати за вкупно пет во првиот дел.

Кристијан Трајаноски постигна гол во 33. минута за ново водство на охриѓани од 2:1, а до крајот на првото полувреме Димитар Кочески постигна хет-трик за 5:1 на полувреме.

Во второто полувреме Кочески во 54. минута ја стресе мрежата одново на Демир Хисар за високи 6:1, а во 56. минута Димитар Дамчевски погоди за конечните 6:2.


Трите бодови останаа во Мешеишта, откако Валентин Ѓорѓиески дури во 86. минута постигна доцен гол за минимална победа од 1:0 над ланскиот второлигаш Караорман од Струга.

Немаше победникот на натпреварот меѓу Велешта и Евротип, откако двете екипи ги поделија бодовите играјќи 1:1.


Христијан Кофчегарски во 23. минута од мечот си постигна автогол со што Велешта имаше 1:0 на полувреме. Во второто полувреме екипата на Евротип преку Стефан Бончаноски дојде до 1:1. Во продолжението од мечот и двете екипи се обидуваа да постигна гол со за три бодови, но сепак мрежите останаа мирни.

Влазними и Преспа ги поделија бодовите играјќи 1:1. Во првиот дел немаше погодоци, а во второто полувреме Влазними прв го отвори резултатот преку Адил Адили, откако погоди во 57. минута, а потоа гостинот од Ресен преку Ледион Сулејмани во 69. минута го израмни резултатот на конечни 1:1.

Колото се затвара утре со мечот меѓу Кравари и Сатеска од Волино, а мечот ќе започне во 17 часот. Правдата на натпреварот ќе ја дели Ѓорѓи Лаброски од Струга.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Европската круна пристигна во Охрид: „Гладијаторите“ ја испишаа најголемата приказна во клупската историја

Македонскиот ракомет доби уште еден европски шампион. ГРК Охрид го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, откако во реваншот од големото финале на...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Столевски: Бев сигурен каде ќе шутира Ивановски, анализата ни донесе историски успех

Херојот на историскиот успех на Шкендија Арачиново е голманот Антонио Столевски. Прилепскиот „пантер“ беше човекот на одлука во баражот за влез во Првата...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

Столевски: Бев сигурен каде ќе шутира Ивановски, анализата ни донесе историски успех

Херојот на историскиот успех на Шкендија Арачиново е голманот Антонио Столевски. Прилепскиот...

Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма,...

Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот...

Втора лигаФудбал

Струмица следната сезона ќе гледа градско дерби во Втората лига

Струмица од следната сезона повторно ќе има градско фудбалско дерби, но во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!