Ракомет

Охрид најмалку седум месеци без Теимураз Орјоникидзе

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Левиот бек на Охрид, репрезентативецот на Грузија, Теимураз Орјоникидзе, заработи повреда поради која ќе биде надвор од ракометните терени од седум до девет месеци, практично нема да може да игра до крајот на 2025 година.

Ракометарот на Охрид се повреди на натпреварот меѓу Грузија и Грција.

„Ударната игла во нападот на ГРК Охрид Теимураз Орјоникидзе заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти која ќе го оддалечи од терените 7-9 месеци. Му посакуваме добро опоравување и да ни се врати уште посилен во синиот дрес на Охрид“, велат од неговиот клуб.

Натпреварот меѓу Грузија и Грција, на кој се повреди Орјоникидзе заврши со победа за неговата репрезентација од 29:26, со што Грузија заедно со Исланд од групата 3 обезбеди учество на Европското првенство 2026.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!