Прва лигаФудбал

ФФМ ја повлече двегодишната суспензија за Алпер Потук, ќе може да ја продолжи кариерата

Сподели
Сподели

Искусниот турски интернационалец Алпер Потук, член на ФК Гостивар, доби позитивен епилог по жалбата поднесена до арбитражната комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Првично, Потук беше суспендиран на две години поради напуштање на теренот на натпреварот против Работнички, но таа одлука е сега укината.

Како што самиот Потук објави преку социјалните мрежи, комисијата ги земала предвид неговите аргументи и донела одлука за повлекување на индивидуалната казна. Овој потег доаѓа по исклучувањето на екипата на Гостивар од Првата македонска фудбалска лига, поради напуштањето на теренот на истиот натпревар, со што клубот беше префрлен во најнискиот ранг на натпреварување.

Потук, кој има богато интернационално искуство зад себе, со оваа одлука ќе може слободно да продолжи со фудбалската кариера, односно сигурно е дека ќе продолжи во друг клуб, со оглед на тоа што Гостивар се сели во Општинска лига или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Својата кариера 34-годишниот фудбалер ја започна во Ескишехирспор, потоа настапуваше за Фенербахче, беше дел од Анкарагучу и Чајкур Ризеспор, пред да се пресели во Гостивар.

За турската сениорска репрезентација има одиграно 17 натпревари и постигна еден гол, а ги има поминато младинските репрезентации на Турција.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

ФудбалФутсал

Проект со позитивна атмосфера патува за Грац, македонскиот шампион подготвен за ЛШ!

Македонскиот футсал шампион Проект со позитивна атмосфера и големи амбиции патува за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!