Останато

Ивановски елиминиран во драматично финале од квалификациите на Челинџерот во Загреб

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во главната фаза на Челинџерот во Загреб (категорија 75), откако беше поразен во финалето од квалификациите од искусниот Босанец Мирза Башиќ со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 7-6(1)) по голема борба што траеше 2 часа и 22 минути.

Натпреварот понуди многу пресврти, со изедначена игра од самиот почеток. Ивановски одлично го отвори мечот со ранен брејк и водство од 2:0, но Башиќ брзо се врати и направи пресврт за 4:2. Иако Калин успеа да врати брејк за 4:4, противникот го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот сет, Ивановски презеде контрола. Со единствениот брејк во шестиот гем, македонскиот тенисер поведе со 4:2, а сетот го затвори со 6:3, израмнувајќи на 1-1.

Третиот сет повторно донесе неизвесност. Калин направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, а предноста ја задржа до 5:3. Сепак, Башиќ успеа да се врати и израмни на 5:5, а сетот заврши со тај-брејк. Таму, Башиќ доминираше и го освои тај-брејкот со убедливи 7-1, со што обезбеди место во главниот жреб.

Ивановски за настапот во финалето на квалификациите ќе освои два ATP поени.

Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!