Прва лигаФудбал

Шкендија е нов шампион на Македонија, Тиквеш избори опстанок во Прва лига!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Шкендија е нов шампион на Македонија откако ја освои својата петта јубилејна титула во македонскиот шампионат. Тетовскиот тим во денешното вонредно 31. коло на Првата македонска фудбалска лига со 2:0 славеше над Работнички и така стигна до петтата титула.

Во својата клупска историја Шкендија првата титула ја освои во 2011 година, а потоа следуваа две титули во низа во 2018 и 2019 година, а последната титула Шкендија ја освои во 2021 година.

На две кола до крајот Шкендија ја осигура титулата, бидејќи во следното коло ќе игра со Гостивар кој се откажа од натпреварување, тоа ќе значи и службени три бодови од овој натпревар.

Денес, Шкенднија дојде до победа над „романтичарите“ откако по само шест минути игра Лиридон Латифи погоди за 1:0, а во 33. минута Тамба Фабрице постигна гол за 2:0 на полувреме.

Во вториот дел Кристојае Дамаррио Далеи постигна гол и само го ублажи поразот на конечни 2:1.

Тиквеш со голот на Даниел Миловановиќ славеше над Беса со минимални 1:0 на домашен терен и така го обезбеди опстанокот за Прва лига и за следната сезона.

Екипата на Брера Струмица забележа важна победа откако на домашен терен во Струмица во меч со седум голови славеше со 4:3 над Шкупи. Стефан Наумчевски во 29. минута постигна гол за 1:0, но до крајот на првиот дел гостинот направи комплетен пресврт на 1:2 преку Џељиљ Асани во 31. минута и Демир Имери во 45. минута.

Во вториот дел од мечот гостинот од Чаир дојде и до убедливи 1:3, откако во 76. минута Флоријан Кадриу погоди за голема предност, но сепак струмичани по две минути намалија на 3:2, откако интернационалецот од Гамбија, Фахрд Ричард Нзенгуе Мубети беше сигурен и со тоа ја врати Брера во трка за бодови.


Во самиот финиш од мечот Брера изведе четири корнери, но не успеа да ја стресе мрежата на противникот, а па во 91. минута Фуркан Идризи покажа на белата точка за струмичани, а капитенот Мартин Ѓоргиевски беше прецизен и постигна гол за 3:3.

Во продолжението од мечот екипата на Брера Струмица правеше притисок кон голот на Шкупи, а тоа вроди со плод откако Шафик Кучи Кагиму погоди за конечни 4:3 и големо славје на стадионот во Струмица.

Во рамки на ова коло екипите на Силекс и Пелистер беа слободни и добија службени бодови, бидејќи Силекс требаше да игра со Гостивар, а пак Пелистер со Воска Спорт.


Вчера Вардар и Струга Трим Лум ремизираа играјќи 0:0 во воведниот меч.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!