Втора лигаФудбал

ФК Кожуф: Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Кожуф денес излезе со соопштение за мечот со Башкими кој го одигра вчера во рамки на вонредното 28. коло на Втората лига.

Многу прашина се крена за победничкиот гол на Башкими, кој беше постигнат во 94. минута, а притоа немаше никаков обид за блокирање на гостинскиот напад од страна на домаќинот.

„Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети“, се вели во соопштението на ФК Кожуф.

За овој настан реагираше и ФФМ преку соопштение, а реагираше и министерот за спорт, Борко Ристовски.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!