Втора лигаФудбал

„Играчите стоеја, бараа принудна замена, како меѓународни судии се срамиме што присуствувавме на ваков срамен натпревар“

Сподели
Сподели

Како што е наведено во официјалниот извештај на официјалниот записник од натпреварот меѓу Кожуф и Башкими, домашните играчи барале прунудна замена и сакале да го напуштат теренот за игра. Дополнително, како што стои во официјалниот извештај, целата домашна одбрана не била заинтересирана да го блокира гостинскиот напад со што гостинската екипа постигнала погодок.

Судиите кои се меѓународни судии навеле во официјалниот записник дека срамат што присуствувале на ваков срамен натпревар.

Главен судија на мечот беше Игор Стојчевски од Скопје, негови помошници беа Гоце Петрески од Скопје и Кристијан Џонов од Штип.

  • ОФИЦИЈАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД ОФИЦИЈАЛНИОТ ЗАПИСНИК НА НАТПРЕВАРОТ:

Натпревар од висок ризик, одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот е снимен, снимениот материјал е предаден на контролорот.
Извештај од судиската екипа и контролорот на истоимениов натпревар,
Увидовме на натпреварот дека нешто сомнително се случува, домашните играчи скоро сите почнаа да бараат принудна замена и сакаа да го напуштат теренот за игра.
При скоро секоја акција на гостинската екипа, домашните играчи стоеја на теренот и не играа како што играа во првото полувреме.
За волја на вистината, домашниот голман беше на висина на задачата се до последната акција,каде што застана заедно со целата домашна одбрана која не беше заинтересирана да го блокира гостинскиот напад и гостинската екипа постигна погодок.
Вториот погодок беше постигнат во 93 минута и 12 секунда.
Второто полувереме беше продолжено за 5 минути бидејќи имаше направено 8 измени и плус имаше интервенција од брза помош која влезе на теренот поради повреден гостински играч и само тој прекин траеше 4 минути и 27 секудни.
На крајот од натпреварот домашната публика сакаше да влезе во теренот за игра и физички да се пресмета со играчите , но до тоа не дојде бидејќи пристигнаа два полицајци до играчите.
Ние како меѓународни судии се срамиме што присуствувавме на ваков срамен натпревар.
Ако треба стоиме на располагање за дополнителен извештај.

Натпреварот заврши со триумф за Башкими преку пресврт со 1:2, победата му беше потребна за влез во Прва лига. За овој натпревар реагираше и ФФМ, како и министерот за спорт Борко Ристовски.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!