Прва лигаФудбал

Голманот на ФК Брера Струмица, Даниел Диковски, успешно опериран во Италија – следува шестмесечна пауза

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Прволигашот Брера Струмица информираше дека нивниот голман Даниел Диковски успешно е опериран на задната ложа во Бреша, Италија.

Клубот соопшти дека процесот на рехабилитација ќе започне веднаш, а според медицинските проценки, се очекува Диковски да биде надвор од терените во наредните шест месеци.

Овој период ќе биде клучен за неговото целосно опоравување и враќање на потребното ниво на фудбалските терени.

ФК Брера Струмица му посакува брзо и успешно закрепнување на својот чувар на мрежата, изразувајќи уверување дека Диковски ќе се врати уште посилен и подготвен да го брани клубските бои.

Навивачите, стручниот штаб и соиграчите испраќаат поддршка за Диковски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!