Втора лигаФудбал

ФК Башкими: Натпреварот против Кожуф беше чесен и сосема заслужено ги освоивме трите бода, во нашата борба за пласман во Прва лига!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово вечерва излезе со соопштение после натпреварот во Гевгелија против Кожуф, каде Башкими со гол во 94. минута победи со 1:2.

Башкими преку соопштението информираше дека натпреварот би чесен и сосема заслужено ги освоиле трите бодови.

„Загрижени и револтирани од организираните напади врз нашиот клуб, врз гордоста на Куманово и врз еден спортски колектив кој дал многу за спортот, културата и младината! ФК Башкими 1947 не е само клуб, туку семејство создадено со децении наназад, со многу труд и пот. ФК Башкими 1947 им пречи на злонамерниците затоа што сега е посилен од кога било, затоа што ги оживува соништата на многу кумановци жедни за спорт, особено за фудбал. ФК Башкими 1947 оваа сезона беше најкомплетниот тим – и по инфраструктура, и по екипа и по навивачи. Ние сме тимот со најмногу гледачи на трибините. Ние сме силата и аманетот на многу генерации. Оваа сезона беше перфектна, сезона со многу посебни, но и разочарувачки моменти – но сите ги прифативме како дел од спортот. Тим ФЕР-ПЛЕЈ, тим кој промовираше многу таленти и емоции. До овде стигнавме само на спортски начин. Денешниот настан во Гевгелија, каде што се крена невидена прашина, имаше за цел само едно – да се прекине нашиот пат. Нашиот клуб, со најголема одговорност, информира дека како и секој натпревар, така и овој против Кожуф, беше чесен и сосема заслужено ги освоивме трите бода, во нашата борба за пласман во Првата лига! Цврсто веруваме дека овој напад ќе се поразен, бидејќи нема ниту еден факт, аргумент или индикација дека нашиот клуб не играл фер-плеј. Со надеж за правда и спроведување на законот, Ве покануваме во сабота во 17:00 часот, на дербито на колото против Детонит“, се вели во соопштението на клубот.

Фудбалерите на Кожуф беа само „статисти“ на теренот при вториот гол на Башкими, а за вториот гол на гостинот соопштение испрати и ФФМ кое можете да го прочитате овде, а реагираше и министерот за спорт, Борко Ристовски, тука можете да причитате што кажа министерот.

Гневна беше публиката во Гевгелија и навивачите на Кожуф, кој веднаш по завршувањето на натпреварот реагираа кон фудбалерите на Кожуф.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!